Жителите на Лос Анџелес на новогодишното утро се пробудиле и забележале дека познатиот знак “Hollywood” некој го променил во “Hollyweed.
Локалните медиуми пренесуваат дека полицијата го истражува овој случај.
Знакот се состои од букви кои се високи по 13,7 метри. Луѓето на Калифорнија гласаа за легализација на марихуаната на референдумот на 8 декември, па поради тоа е и оваа промена на знакот.
На знакот не е направена никаква штета, бидеќи само со помош на платно двете букви “О” се покриени и сменети во “Е”.
“Лос Анџелес Тајмс” пишува дека безбедносните камери снимиле едно лице како се качува по планината.