(Видео) Хит сидење: Aдвокат преку “Zoom” се појави како мачка и не знаеше како да го исклучи филтерот – “Jaс не сум мачка”

Род Понтон, адвокат од Тексас, сеуште не може да се навикне на “онлајн” судењата, па на екранот, преку апликацијата Зум, се појави како маче.

Понтон за време на сослушувањето случајно го вклучил филтерот , а потоа не знаел како да го исклучи.

“Верувам дека ви е вклучен филтерот во подесувањето на видеото. Можеби сакате да…”, говореше судијата Рој Фергусон, но беше прекинат од паничниот глас на адокатот-мачка. За да биде посмешна целата ситуација, неговите зборови целосно се поклопуваа со изразот на лицето од мачката.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.