Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, и неговата изјава дека “слабите луѓе се злобни” ги разбуди твитерџиите.
Имено, Дачиќ за време на гостувањето во Утринската програма го коментираше текстот од “Курир”, каде актерот Сергеј Трифуновиќ го нарекол “буцко”, а на прашањето дали тоа го навредило, министерот насмеан одговори:
“Па добро, да ви кажам нешто, слабите луѓе се злобни луѓe”, рече Дачиќ, со што ја насмеа и водителката, но додаде дека се шегува и дека мисли дека ова ќе ги израдува оние кои имаат вишок килограми.
Изјавата можете да ја видите на 17:19 од видеото: