Користеше ли една од репрезантиациите измама за да стигне до целта на натпревар од Светското првенство?
Големо внимание предизвика едно видео од последното коло од групната фаза меѓу Австралија и Данска, а на него Австралијанците беа фатени „на дело“.
Ништо “нелегално”, ништо спротивно на правилата, меѓутоа, доколку се точни изјавите на странските медиуми, “Сокеросите” од клупата, испратија порака до данските играчи, а потоа истата ја искористија во своја полза.
При резултат 1:0 за Австралија, Данска направи измени за да се обиде да се врати во мечот и да направи пресврт за пласман во нокаут фазата.
Во 69. минута наместо Јоаким Меле во игра влезе Андреас Корнелиус.
Interesting series of events from @Socceroos game no one is talking about:
70' Danish sub carries note onto field to give to Eriksen
72' Note appears to end up in hands of Aussie coaching staff
74' Australia makes sub and switches formation to 5-4-1 #GoSocceroos #GiveIt100 pic.twitter.com/owweXnDtIC— Gerard Laws (@gerard_laws) December 1, 2022
Корнелиус доби лист со инструкции, кој му го однел на капитенот Кристијан Ериксен при влегувањето на теренот. Тој наводно му го предал на Пјер-Емил Хојбјерг.
Набрзо листот заврши на теренот и го пронајде австралискиот напаѓач Мичел Дјук, кој го подигна и потоа го однел кај своите тренери.
The moment the Aussies found – and used – Denmark tactical note pic.twitter.com/pAeuHsVeuL
— Ray Power (@power_ray) December 2, 2022
Посебно е интересно што во стручниот штаб на Австралија работи Ендрју Кларк, кој работи и во Копенхаген, Данска. Тој е човекот кој им ја прочита пораката на фудбалерите.
После тоа, Австралија брзо реагираше. Тие направија измена веќе во 74. минута и тактички измени. До крајот на мечот, без поголеми проблеми, ја задржаа победата и пласманот во следната фаза.