Остатоци од градини и стакленици кои лидерот на германските нацисти Адолф Хитлер ги користел за одгледување на овошје и зеленчук, откриени се во некогашниот главен штаб на германскиот Источен фронт.
Локалните историчари го истражувале озлогласениот бункер на Хитлер кој се наоѓа на територијата на Полска. Тие откриле темели на куќа, две стаклени градини и подземна котларница која спроведувала вода и топол воздух за персоналот а може да ги одржува производите свежи за време на целата година.