ВИДЕО: Феноменална инструментална преработка на „Тажна љубов“ од Тамара Тодеска

beleski

Мaкедонскиот музичар и продуцент, Васко Белески направи феноменална инструментална преработка на хитот „Тажна љубов“ од нашата популарна пејачка Тамара Тодеска.

Со ваквата преработка Белески направи едно парче уметност, што претставува вистински мелем душа, во комбинација со исечоци од познати холивудски филмови и со тоа превејќи го овој кавер нешто неверојатно и одлично за слушање и гледање.

Mакедонскиот музичар и продуцент моментално работи на нов проект за кој е предвиден и видео запис, за што има потреба од еден пар кој добро танцува и добро ја владее салсата.

Слушнете ја одличната мелодија и уживајте во неколкуте минути во ова инструментална верзија на македонскиот хит „Тажна љубов“ во преработка на Васко Белески.

Инаку, автор на оргиналната верзија е Роберт Билбило, а во изведба на нашата популарна пејачка Тамара Тодеска.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.