ВИДЕО: Удри гром среде фудбалски натпревар, играчите бегаа во соблекувална

Силен удар од гром во Горни Милановац, Србија го прекина натрпеварот од суперлигата меѓу Металац и Младост од Лучани на десетина минути.

 

munja-na-utakmici-620x350

Главниот судија не морал да го покаже патот кон соблекувалната, затоа што исплашените фудбалери веднаш истрчаа кон излезот, а локалното дерби е продолжено кога облаците над Милановац се смириле.

Камерата која го забележи моментот на ударот во близина на стадионот сериозно се затресе, а на 5:00 минута во видеото ќе го видите моментот кога се стресе се во моментот на силен звук кој го преплаши стадионот.

Инаку натпреварот заврши со победа од 2:0 на домаќините.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.