(Видео) Три години власта вели “ќе го биде”, а провалијата на патот Прилеп-Градско се’ уште “стоо”

Заполшки мост кој се наоѓа на магистралниот пат Прилеп-Градско, на само неполн километар пред влезот во Прилеп, со години е буквално оставен на забот времето.

Металната ограда на мостот е урната и тој претставува вистинска опасност за возачите кои велат дека ова срамота од страна на државата.

Обвинуваат дека надлежните институции воопшто не се грижат за безбедноста на сообраќајот. Мостот наликува како на сцена од хорор филм.

Три години СДСМ е на власт и цели три години ги убедува прилепчани дека ќе се изгради експресниот пат Прилеп-Градско. Она што можат да го видат граѓаните е дека работата на патот одамна е закочена, па бараат барем оваа црна точка да се реши.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.