Жолтите елеци станаа симбол на протестот кој веќе со недели трае во Франција, а во последниве неколку денови значително се радикализира.
Идеата за жолтите елеци ја даде Гислан Кутар, кој се изненадил на одзивот, но и се шокирал од насилната реакција на полицијата.
Кутар е еден од луѓето кои се поврзуваат со “Жолтите елеци”, движењето кое од ноември протестира против новите даноци за гориво. Токму тој, автомеханичарот од Нарбон, во едно видео предложи сите демонстранти да понесат жолт елек.
Ghislain Coutard a eu l'idée géniale d'utiliser les #GiletsJaunes comme signe de reconnaissance du mouvement de ras le bol. https://t.co/8tvyFWIaSN pic.twitter.com/pjSoAwHB2C
— ?Calculette n°4014 (@LaMutine) November 26, 2018
На прашањето “Што треба да се случи за Жолтите елеци да бидат задоволни, тој одговори дека претседателот треба да излезе од својата дупка и да се соочи со граѓаните на Франција”.
“Не само соопштение за јавноста, туку во стварноста, улица. Но тоа никогаш нема да се случи. Тој е премногу отуѓен од народот. Толку е горд што не прави ниту чекор. Проблемот е во тоа што тој е тврдоглав, но и ние сме. Во еден момент некој ќе мора да се откаже, а ние мислиме дека тоа ќе биде тој”, вели Кутар.