ВИДЕО: Терористички напад во близина на Аја Софија, има жртви

aja-sofija

Бомбаш-самоубиец се саморазнесол меѓу група туристи на централниот градски плоштад, покрај Сината џамија, што се наоѓа во близина на познатата Аја Софија.

Голема експлозија одекнала утрово во центарот на Истанбул, јавува „Хуриет“. Експлозијата се случила во близина на познатите Аја Софија и на Сината џамија, на плоштадот Султан Ахмед, а турските медиуми јавуваат дека има жртви.

Други турски медиуми, пак, јавуваат дека експлозивната направа била поставена по една од клупите на плоштадот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.