ВИДЕО: Телепортацијата стана возможна

Microsoft му ја претстави телепортацијата на светот, а оваа технологија се нарекува holoportation.

teleportacija

Се разбира, за ова требаат VR наочарите HoloLens и 3D камери.

На видеото се гледа како луѓето во две различни простории се опкружени со 3D камери, а потоа им се дадени HoloLens наочари, со цел да можат да ја видат другата личност реално, како да постои навистина пред нив во природна големина.

Корисниците можат да се поздравуваат и да разговараат меѓусебно, иако се наоѓаат во различни простории.

Microsoft HoloLens VR наочарите во моментов се најнапредни, затоа што станува збор за мешавина од виртуелна реалност и вистинска стварност.

Системот ги пренесува виртуелните објекти во реален простор околу личноста што носи HoloLens.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.