ВИДЕО: Тајфунот донесе џиновска “месечина” по улиците на Кина

mjesec_balon

Силните ветрови на тајфунот Меранти донесоа нешто што ги преплаши граѓаните на Кина.

Ветровите на тајфунот Меранти кои ја погодија Кина турнале огромен балон во форма на месечина кој бил изложен во склоп на “Фестивалот на месечината”, на улиците на кинескиот град Фузхоа.

Ветровите го носеле балонот кој поминувал преку автомобили и луѓе но нема повредени во овој инцидент.

Супер-тајфунот Меранти, кој во средата го погодил Тајван, со ветрови кои се движеле со 370 километри на час, во четвртокот стигна и до кинескиот брег, во близина на градот Хианмена.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.