Ретко се случува затвореници со лисици на рацете да се обидат да избегаат од судница, но уште поретко е да видите како судијата трча по нив.
Токму тоа се случи во Вашингтон. На видеото снимено од безбедносните камери се гледа како Тарнер Џејкобсон (26) и Коди Хауард (22) се обидуваат да избегаат од судот со лисици на рацете.
Без двоумење, судијата Базард ја фрли тогата и тргна по нив.