Kaбел од канделабра која беше уништена пред извесно време, синоќа предизвика паника кај случајните минувачи во центарот на Прилеп.
Канделабрата која се наоѓа веднаш до “Реклами”, пред извесно време беше уништена, а од тогаш до денеска местото каде стоеше истата беше изолирано со пластична цевка.
Снежните врнежи синоќа веројатно предизвикаа спој на кабелот, па се гледаа искри и се слушаше звук на пукање.
Полицијата го обезбедуваше просторот неколку часа, а потоа стигна екипа од ЕВН и го санираше дефектот.