Меѓу дванаесетте членови на екипажот кои се наоѓале на швајцарскиот брод киндапиран од нигериски пирати, имало и еден Хрват, Босанец и Словенец.
Бродот Гларус кој пренесувал стока од Лагос во Порт Харкорт во Нигерија, бил нападнат во саботата. Бродот е нападнат на нигерискиот брег, а полицијата е во контакт со сопственикот на бродот, се наведува во соопштението.
Само во првата половина на 2018 година киндапирани се 35 лица, а податоците од изминатите две години покажуваат дека бројот на нападите и киндапирањата е во пораст.
Црногорскиот државјанин Ален Бикиќ минатата година снимил напад на пирати во водите на Нигерија, а борбата за опстанок траела со часови.