Крајбрежната стража во САД соопшти дека авион на компанијата “Аљаска Ерлајнс” е украден од хангар од аеродромот во Сиетл.
Само 20 минути покасно стигна и другата вест, дека тој авион се срушил во близина на островот Кетрон во државата Вашингтон.
Авио-механичарот го украдил авионот на компанијата, а за среќа во авионот немало други патници. Тој полетал од меѓународниот аеродром и набрзо потоа се срушил.
ОД полицијата соопштуваат дека авионот полетал без дозвола и дека се срушил во морето. Инцидентот се случил синоќа, а станува збор за авион “Q400” кој може да има и до 78 патници.
Some dude stole a plane from #Seatac (Allegedly), did a loop-the-loop, ALMOST crashed into #ChambersBay, then crossed in front of our party, chased by fighter jets and subsequently crashed. Weird times. pic.twitter.com/Ra4LcIhwfU
— bmbdgty (@drbmbdgty) August 11, 2018
На социјалните мрежи објавено е видео на кое се гледа како авионот кружи над аеродромот, пренесува Би-Би-Си. Прелиминарната истрага потврдува дека несреќата се случила бидејќи механичарот “изведувал акробации или не бил доволно обучен за летање”, објави локалната полиција на Твитер.