Недалеку од брегот на островот Мајорка, популатното туристичко место, забележано е торнадо, а поради силните дождови истакнато е предупредување за поплави.
Мештаните на Бањилбуфар снимиле како од морето се приближува големо торнадо.
Локалните власти предупредуваат дека се можни поплави, бидејќи се очекуваат поројни дождови, а жителите се советувани да не се приближуваат до критичните области.