(ВИДЕО) “Стевананџија: Прилеп не постои во Буџетот за 2019 – Ниту еден проект од ветените СДСМ нема да реализира?”

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Стевананџија зборуваше на денешната седница на Собранието по Дополнетиот предлог на Буџетот за 2019 година.

Стевананџија појасни дека пред неколку недели биле на средба со Светска Банка и навистина како пратеник очите да ти капат од срам. Другите се срамеа што ни го пренесуваа тоа што е лошо за македонската економија и како оваа држава се развива. Се срамеа дека во Република Македонија за овие две години стагнира буквално се.

Тој го потенцира масовното задолжување на државата, потенцирајќи дека Македонија во 2018 година се задолжи за милијарда евра, а во 2019 година се планираат нови задолжувања во висина од 800 милиони евра.

Пратеникот од Прилеп додаде и дека прилепчани и жителите од Пелагонија останаа скратени за ветените проекти од градоначалниците и оваа Влада.

Стевананџија посочи дека во индустриските зони нема нови странски инвестиции изминатите година ипол. Единствените инвестиции на оваа влада рече дека се сендвичарата на КФЦ во “Сити мол”, бензиската во Трубарево и музиката за отварањето на тунелот на автопатот Демир Капија-Смоквица.

Целото обраќање погледнете го во продолжение:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.