На социјалните мрежи се шири видео, на кое се гледа како фудбалски судии се впуштаат во физичка пресметка. Според коментарите случката е на натпреварот Миравци – Тетекс.
Инцидентот настанал кога играч од една од екипите му сугерирал на судијата дека е незадоволен од делењето на правдата, при што судијата решил физички да се пресмета.
На ред е Дисциплинската комисија при ФФМ.