(ВИДЕО) СПЕКТАКУЛАРНО ОТКРИТИЕ: Откриени подземни тунели и пештера под познатата пирамида – се верува дека водат во “подземниот свет”

Археолозите пронашле скриени тунели и пештера под едно од најважните археолошки наоѓалишта во близина на главниот град на Мексико.

Скриениот подземен тунел и пештерата широка 15 метри, се пронајдени на околу 7 метри под Пирамидата на Месечината, втората најголема пирамида во Мексико.

Меѓу останатото, Вероника Ортега, директорка на проектот “конзервација на плоштадот Плаза де ла Луна”, односно централното место на археолошкиот комплекс, објаснува дека во фокусот на понатамошните истражувања се токму новооткриените простории, за кое еден експерт верува дека се поврзани со ритуали посветени на подземниот свет. Тоа биле обичаи на стариот индијански народ Толтек.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.