Полицијата во Томиславград, Босна и Херцеговина, на 3 април добила дојава дека во деловен објект во текот на ноќта бил украден сеф полн со пари.
Сопственикот на компанијата, во соработка со полицијата, објави една од снимките на безбедносните камери кои се поставени пред влезната врата на објектот.
На снимката се гледа крадецот како влегува во објектот, а сопсвеникот нуди награда за било каква информација.