(ВИДЕО) СОНУВАЛ ЧУДЕН СОН И ЈА ЗЕМАЛ ЛОПАТАТА ВО РАЦЕ: Започнал да копа во дневната соба и …

Колин Стир (67) веќе со години вади земја од средновековниот бунар, во потрага по ќуп со злато.

Овој пензионер од англиски Плимут не копа дупка во дворот, туку во својата дневна соба. Колин со сопругата и децата се вселил пред 30 години во оваа “викторијанска” куќа од 19 век.

Необичната нерамнина на подот веднаш му го привлекла вниманието.

Една ноќ тој сонувал дека има богатство во својата куќа, па одлучил да земи лопата во раце и набро го пронашол затрупаниот бунар. Нацртите покажуваат дека овој бунар на ова место стоел од 16 век.

Би копал тој и понатаму, но сопругата го натерала да ја затрупа дупката, бидејќи таа претставувала опасност за нивните три деца.

Меѓутоа кога децата пораснале, а Колин во 2011 година заминал во пензија, ја продолжил својата потрага по златото за кое размислувал сите тие години.

Колин во длабочините на бунарот пронашол дрвен меч замотан во кожа. Потоа пронашол и некои германски експлозивни средства.

Кој знае, можеби ќе го пронајде и златото.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.