(Видео) Снежна бypa ја зафати Шпанија: Се одложуваат фудбалски натпревари, се затвораат училиштата и парковите

Обилните снежни врнежи од бурата „Филомена“ ги ставија во состојба на готовност Мадрид и другите делови на Шпанија, нарушувајќи го сообраќајот и принудувајќи некои региони да испраќаат трупи на расчистување на патиштата што водат кон селата.

Со прогноза за снег до 20 см за 24 часа и температура од околу 0 степени Целзиусови, југот на регионот Мадрид беше на највисоко ниво на подготвеност за прв пат од создавањето на системот во 2007 година, пренесува Ројтерс.

Големи паркови во главниот град, вклучително и славниот Ретиро веднаш до Музејот Прадо, се затворени како претпазливост.

Раководството на шпанската Ла Лига претпладнево официјално го одложи денешниот меч меѓу Атлетико Мадрид и Атлетик Билбао поради обилните снежни врнежи во престолнината.

Натпреварот меѓу актуелниот лидер во шпанското првенство и деветтопласираниот Билбао требаше да се игра од 16.15 часот, а новиот термин ќе биде утврден дополнително.

Екипата на Атлетик полета во петокот попладне кон главниот град, но експедицијата се врати во Билбао, откако авионот не успеа да слета на мадридскиот аеродром.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.