Само што стигнаа во Русија, Бразилците ги пробаа “руските специјалитети”.
Според наводите на руските медиуми, Бразилците пред тренингот одлучиле да се опуштат на плажа во Сочи и да конзумираат “руска водка”.
Медиумите пренесуваат дека двајца фудбалери “мртви пијани” заминале на тренинг.
Главните актери на овој скандал се голманите Алисон и Едерсон, кои беа придружувани од членови на стручниот штаб на оваа репрезентација.