ВИДЕО: Силно невреме на Баканот – доаѓа и кон Македонија

Невреме вчера во доцните попладневни часови погоди делови од Хрватска, Словенија и Италија, а се очекува уште да се засиили.

Силното невреме во попладневните часови зафати делови од северозападот на Хрватска, вклучувајќи го и подрачјето на Загреб.

Невремето проследено со бура направи проблеми и делови од соседна Словенија, покрај границата со Хрватска како и делови од Корушка. Прогласен е жолт метео аларм на ниво на целата земја.

На одредени места паѓаше и град, а пожарникарите поради поплавените 20-тина објекти и улици, како што се наведува, имаат полни раце работа.

Големи проблеми по силната бура се забележани и на североистокот од Италија.

Метеролозите во Хрватска најавуваат дека локалната нестабилност може да се интензивира во доцните вечерни и ноќни часови, а кулминацијата на неповолни услови ќе следува денеска кога во повеќето краеви добар дел од денот ќе преовладува променливо и нестабилно време, со локални врнежи и грмежи.

Невремето во текот на утрешниот ден се очекува да помине и низ Македонија. И во Македонија за во сабота е издадено метео предупредување од жолта фаза

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.