(ВИДЕО) СЕ СПУШТИ ВО ДЛАБОЧИНИТЕ НА БЕРМУДСКИОТ ТРИАГОЛНИК: Во мрачни предели на “ѓаволската област” пронајде нешто што не му припаѓа на овој свет !

Дарел Микош, ловец на богатства од каналот “Дискавери”, користи тајни мапи на космонаутот од НАСА, Гордон Купер, во потрага по остатоци од бродови во Карипско море. Во последниот подвиг за серијата “Куперовото богатство”, на непозната локација во областа позната како Бермудски триаголник, во близина на Бахамите, откри, како што тврд, прв доказ за посета на вонземјани на Земјата, пред повеќе стотици години.

“Се обидувам да ги идентификувам остатоците од бродовите користејќи информации за аномалии на мапите од Гордон, кога забележав дека нешто се истакнува. Се шокирав”, вели Микош и ги опишува џиновските краци кои излегуваат од објектот.

“Формацијата не личеше на ништо што сум видел претходно. Беше огромна. Се гледаше како пет краци излегуваат од страна и секој од нив имаше димензии на топ кој се користи во воен брод”, истакнува Микош.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.