(Видео) СЕ РАСПУШТИ РУСКАТА ВЛАДА: Медведев поднесе оставка по обраќањето на Пyтин

Премиерот на Русија, Дмитриј Медведев, по обраќањето на претседателот Владимир Путин соопшти дека ја распушта руската Влада.

Според руските медиуми, Медведев пред да соопшти дека ја распушта владата, се состанал со претседателот.

По прифаќањето на оваа одлука, Путин им наложил на министрите да функционираат како привремена влада, додека новата не се формира.

Како што наведе премиерот, Путин во обраќањето на нацијата ги истакнал фундаменталните промени во Уставот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.