Вулканите во Африка го распарчуваат целиот континент на два дела и ја отвараат “капијата на пеколот” во Етиопија, откриваат сателитските снимки на НАСА.
Се верува дека три тектонски плочи полека се одвојуваат една од друга, создавајќи оргромни дупки и испуштаат големи слоеви магма. Најголемата пукнатина се појавила во близина на вулканот Ерта Але- кој е познат уште како “Капија на пеколот”.
Оваа локација е дел на Данакил депресијата во Етиопија и се наоѓа на 613 метри надморска височина. Ерта Але е еден од петте вулкани кои имаат цело езеро со истопена лава.
Се наоѓа на место каде три плочи полека се раздвојуваат, додека континентите Африка и Азија се оддалечуваат еден од друг.
How Artificial Intelligence Captured a Changing Erta Ale Volcano’s Lava in Ethiopia | #Ethiopia | https://t.co/MrhoCLeyEi
— Zemen (@ZemenTweets) April 27, 2018