Науру? Каде е тоа? Тоа една од најмалите држави во светот и 17-та држава која го повлече признавањето на Косово.
Науру е поголема од Ватикан и Монако, но го носи епитетот најмалата република во светот. Оваа островска држава ја открил британскиот морепловец Џон Ферн и ја нарекол “Убав остров”.
Меѓутоа, името кое на овој остров му го дале локалните жители потекнува од зборот “анаоеро”, што значи “Одам на плажа”.