Усеин Болт, ноќта помеѓу неделата и понеделникот стигна до третото по ред злато на Олимписките игри во најатрактивната атлетска дисциплина. Повторно беше најбрз на трката на 100 метри, која ја истрча за 9 секунди и 80 стотинки.
Еден од неговите навивачи, се обиде да се трка со него…
Се наместил на старт позиција, го чекал истрелот за почеток, започнал како него и успеал да го победи!
Секако, не е во прашање трчање, туку овој човек успеа да ја “реши” прочуената рубикова коцка и за пократко време, отколку што Усеин Болт успеа да ја заврши трката.
Погледнете го ова интересно видео:
Joder, y yo no se hacerlo ni en un mes pic.twitter.com/TVDVe463gw
— Jorge. (@Joorgitoro) August 15, 2016
А.Г.