Градот Аугсбург во Баварија е убав и богат град, познат по катедралата од 11 век и неверојатните ренесансни градби. Градот настанал за време на комерцијалната револуција на средниот век и брзо се утврдил како еден од центрите за трговија.
Иако многу жители на Аугсбург се збогатија, едно истакнато семејство одлучи своето богатство да го искористи и да и се оддолжи на локалната заедница.
Во 1514 година роден е новиот проект за социјално станување, прв ваков проект во светот и трае до ден денес.
Фугереи е населба на периферијата на Аугсбург, која има 67 жолти куќи. Во оваа населба дури 142 среќни станари плаќаат кирија само 0.88 евра годишно, што е еквивалентно на еден американски долар, резултат на договорот кој трае пола милениум.