ВИДЕО: Руски авантурист ужива во московските поплави

Лошото време и поројните дождови предизвикаа голем број штети во Москва, и додека луѓето се справуваат со ужасот во своите домови и околината, љубител на екстремниот веjкбординг (вид скијање по вода со помош на влечење со јаже) ужива во поплавените улици.

 

vejkbording

Инаку, дождот кој започна да паѓа во неделата, не запре до понеделник навечер. Десетици затечени требаше да бидат извлечени од своите автомобили, кои беа зафатени од надојдените води.

Ваква непогода во Москва немало уште од далечната 1970 година.

До 16 часот во понеделникот се регистрирани приближно 400 јавувања за поплавени станбени објекти и заглавени граѓани.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.