Кариерата на Владимир Путин можела да пропадне неколку месеци пред да стане руски претседател, тврди поранешен висок функционер од Кремљ. Тој вели дека моќен премиер два пати се обидувал да го “избрка” Путин од неговата функција во Сојузната служба за безбедност.
Путин бил на чело на ФСБ меѓу септември 1998 година и мај 1999 година. Напредувал во прв потпретседател на Владата, потоа премиер, а на крајот и претседател на Русија на 31 декември 1999 година, по оставката на Борис Јелцин.
Но, животната приказна на сегашниот претседател би можела да биде сосема различна, тврди поранешниот шеф на администрацијата на Јелцин, Валентин Јумашев. Високиот службеник од Кремљ имал отворено интервју со истакнатиот руско-американски новинар Владимир Познер, а објаено беше на Јутјуб во петокот.
Кога Путин бил на чело на ФСБ, влијателниот советски дипломат Јевгениј Примаков бил премиер. Примаков е можеби најпознат за Западот поради откажувањето на државната посета на САД во март 1999 година. Односно, тој одлучил да “го врати” авионот од Атлантикот, како одговор на НАТО бomбapдиpaњата во Југославија. Меѓутоа, во Русија го сметале и за можен наследник на Јелцин. Во еден момент, станал и де факто главен ривал на Путин, на изборите во 2000 година.
“Toj два пати се обиде да го отстрани Путин од местото директор на ФСБ. Малку луѓе го знаат тоа”, вели тој.