Рибарите Малори Хариген, Клиф и Алан Расел пловеле по Лабрадорското море во Канада, кога здогледале нешто чудно.
На врвот на една санта мраз имало нешто невообичаено – кога се приближиле виделе дека се работи за поларна лисица. Била гладна, мокра и преплашена.
“Веројатно се движела во потрага по храна. Најверојатно здогледала месо, а потоа сантата се одделила, па ја одвлекла далеку од брегот”, велат рибарите.