(Видео) Решена мистеријата за џиновското јајце од Антарктикот: Не постои ништо слично во светот

Научниците ја открија тајната за џиновското јајце најдено на Антарктикот.

Јајце со големина на фудбалска топка беше откриено во 2011 година на антарктичкиот остров Симур. Научниците сега претпоставуваат дека јајцето му припаѓа на морско чудовиште кое живеело пред 68 милиони години.

Најголемото јајце на светот, најверојатно му припаѓа на мосасаурус, морско чудовиште кое живееле во ерата на диносаурусите, сметаат научниците од универзитетот во Тексас кои го објавија истражувањето.

“Не постои ништо слично во светот, ниту по големина, ниту по структура”, изјави Џулија Кларк, професорка од универзитетот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.