(ВИДЕО) “Репортажа за киднапираните и убиени во Авганистан меѓу кои имаше и Македонец”

 

Авганистанската полиција за новинската агенција “ТOLOnews” вели дека киднаперите биле забележани во возило, но набрзо им се изгубила трагата.

Како што дознава агенцијата во вчерашното киднапирање и убиство на тројца странски државјани помеѓу кои имало и Македонец во околината на Кабул, учествувале четворица киднапери.

Новинар на оваа новинска агенција го посетил местото на настанот и потврдил дека телата на Индиец, Македонец и еден жител на Малезија, биле најдени во Тојота Корола седан околу 10:30 часот.

Од полицијата велат дека сите три жртви биле стрелани во главата.

Според полициски извори трите лица биле на пат за на работа кога биле киднапирани.

Според она што го пишува агенцијата Малезиецот имал 64 години, Индиецот 39, а Македонецот 37 години.

Тројцата биле вработени како готвачи во компанијата “Содеко” во Авганистан, но од компанијата сеуште нема ништо истакнато.

Компанијата “Содеко” е втора најголема компанија во светот која се занимава со кетеринг за војската, училиштата, болниците и затворите.

Како што дознаваме Македонецот кој вчера беше убиен во Авганистан е по потекло од скопско Љубанци.

МНР се уште нема добиено официјална потврда од авганистанските власти во врска со веста дека македонски државјанин е киднапиран и убиен на територија на Авганистан, изјавија од Министерство за МИА.

Од МНР нагласија дека вчера веднаш по веста испратиле барање за официјална информација до авганистанските институции и оти по добивање на официјална информација од властите во таа земја, согласно законските процедури, ќе го известат Министерството за внатрешни работи.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.