На јутјуб се појави видео на кое на рекламен екран на Тајмс сквер во Њујорк се појавува ликот на рускиот претседател Владимир путин кој им намига на Њујорчаните.
Ликот на рускиот претседател се појавил среде реклама за една автомобилска куќа, која била прекината за момент, при што за момент на екранот се појавил ликот на Путин како намигнува.
После неколку секунди, рекламата нормално продолжила, се гледа на видеото објавено на 29-ти април.
Руските медиуми велат дека Њујорчаните, но и туристите, од кои Тајмс сквер е секогаш преполн, биле изненадени, а не е јасно дали е во прашање некој маркетингшки трик, или се работи за упад на некоја хакерска група.
Како што наведуваат руските медиуми, ликот на Путин се појавил во повеќе наврати на рекламниот екран.
А.Г.