(Видео) Путин поради кученце на девојче кое боледува од аутизам

Претседателот на Русија Владимир Путин ѝ подари на девојче од Приморскиот крај кое боледува од аутизам кученце златен ретривер, соопшти администрацијата на овој регион.

„Денес се оствари сонот на едно мало девојче од Славјанка. Вероника доби кученце златен ретривер. Таа заедно со мајка ѝ за Нова година му напиша писмо на претседателот Владимир Путин со молба да ѝ подари милениче. Девојчето боледува од аутизам и затоа ова животно може да стане нејзин вистински пријател“, се наведува во соопштението.

„Златниот ретривер е раса која им одговара на децата со пречки во развојот. Овој пес е идеален за терапија, затоа што има мирен, дружељубив карактер. Токму затоа овие кучиња често се користат во рехабилитацијата на деца. Во центрите за рехабилитација во Приморскиот крај денес интензивно се користи канистерапијата, при што има и кучиња од оваа раса“, се наведува понатаму во соопштението.

Ова не е првиот новогодишен подарок од претседателот за руските ученици. Пред Нова година шефот на руската држава ѝ подари на 11-годишната Ана Абрамова од Курск кученце лабрадор-ретривер.

Претходно Путин ѝ ја исполни желбата и на 12-годишната Олга Марушченко, која му напиша дека сака да добие синооко кученце хаски, но дека нејзиното семејство не може да си дозволи толку скап пес.

Рускиот претседател исто така ѝ подари велосипед на ученичката од петто одделение од Сибир Марија Котова. Таа беше повикана и на новогодишната приредба во Москва.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.