Претседателот на Русија, Владимир Путин, го пречека Артија Палјанов од Ленинградската област, момчето кое сонува да го види Санкт Петербург од птичја перспектива. Русикот претседател го исполни ветувањето и му ја оствари желбата на момчето.
“Сакам да ви ја честитам Новата година и Божиќ”, рече Путин на состанокот со семејствата.
Претседателот му покажа на момчето каде ќе лета, а потоа заедно ги отворија подароците. Путин лично го испрати до хелиодромот.