(Видео) Пронајден прастар прстен со ликот на Свети Никола: Градинарот кој го пронашол не можел да му верува на очите

Млад градинар од Израел пронашол добро зачуван бронзен прстен со ликот на Свети Никола.

Работејќи во градината во селото Јогев, на северот од Израел, Декел Бен-Шитрит (26) здогледал прстен за кој се верува дека е стар 700 години.

Археолозите проценуваат дека прстенот потекнува меѓу 12 и 15 век.

Фотографијата од прстенот ја објавил на Фејсбук, а неговиот сосед Дрор Бен Јосеф, еден од директорите на Израелската управа за природа и паркови, го советувал да разговара со надлежните од Управата за антиквитети.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.