(Видео) Приведени двете момчиња кои крвнички тепаа девојка

Во врска со видеото кое утрово се споделува на социјалните мрежи, министерот Наќе Чулев соопшти дека од страна на Секторот за внатрешни работи Штип преземени се мерки за утврдување на идентитетот на лицата кои се препознаваат на видеото и истите се лишени од слобода за понатамошно постапување.

-Според информациите од ПС ОН Штип, станува збор за лицата С.А и П.Р., соопшти Чулев.

За конкретниот настан и преземените мерки известено е Основното јавно обвинителство.

Министерството за внатрешни работи ги презема сите потребни мерки за целосно расчитување на случајот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.