(ВИДЕО) Претставување пред стотици навивачи и аплаузи за Несторовски во Асколи

По 4 години поминати на северот во Италија во Удине, Несторовски по трет пат ја промени средината на чизмата, откако вчера потпиша 2-годишен договор со второлигашот Асколи.

Иако за нашиот Иле беше заинтересирана и Сампдорија, каде тренер е Андреа Пирло, а се спомнуваа и неколку други клубови, тој се одлучи да продолжи во црно-белите бои, но овојпат на југот во Италија.

Несторовски имаше и одлична презентација пред голем број навивачи на клубот од Сериа Б, кој сезоната ја започна со два порази и нуту еден постигнат погодок. Навивачите на Асколи со право очекуваат популарниот “Нестор-гол” одново да се активира и да полне мрежи на стадионите ширум Италија.

„Многу сум среќен што го носам овој дрес и ви ветувам дека со гордост ќе ги бранам овие бои. Вечерва треба да им помогнеме на сите овие момчиња. Напред Пикио“, рече Несторовски пред навивачите.

Асколи е клуб кој досега 16 пати има играно во Сериа А и постои од 1898 година.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.