OOУ “Добре Јованоски” Прилеп доби ново мултифункционално игралиште, кое денеска беше свечено пуштено во употреба. Учениците приредија прекрасен перформанс со формирање на државното знаме, глетка која беше вистинско уживање.
Игралиштето се реализираше преку проектот на УНДП, „Зајакнување на националните и локалните системи за поддршка на ефективна социо – економска интеграција на повратниците во Западен Балкан“.
Придобивките од проектот се развивање на спортско – рекреативниот дух кај учениците од училиштето и заедницата, како и подобрување на воспитно образовниот процес за што навистина докажано водиме максимална грижа во изминативе две години, буквално со секое училиште во нашата општина. Исто така проектот има за цел да ги здружи децата од училиштето со децата од останатите училишта, од заедницата и децата од повратниците.