Пред 6 години во пресрет на тогашните локални избори, актуелната локална и централна власт на СДСМ протестираше низ градовите во Македонија, а протести имаше и низ прилепските улици.
Протестите беа под мотото “Отпор”, а стотици граѓани секојдневно одеа од маало до маало и бараа оставки.
Денеска СДСМ е власт во Прилеп како на локално, така и на централно ниво. Речиси две години изминаа откако СДСМ ја презеде власта во државата и година ипол откако добија и градоначалник на Прилеп.
Што од тогаш се промени? Дали се исполнија очекувањата на овие граѓани кои пред 6 години протестираа? Дали животот се промени на подобро, проценете сами…