(Видео) Пред 10 години зakoпал koвчег со богатство: Познатиот трговец откри дека конечно е пpонајдено

Познатиот трговец со уметнички дела Форест Фен (89), кој рече дека пред 10 години сокрил милион долари некаде во Карпестите планини, објави дека ковчегот со богатство е конечно пронајден.

Фен изјави дека еден човек, за кој спомна само дека е од истокот на Америка, го пронашол ковчегот со злато, накит и други скапоцени предмети во вредност од 1 милион долари. Тој рече дека ќе ја зачува анонимноста на човекот. Како доказ, тој му испратил фотографија со пронајденото богатство.

Фен информациите за локацијата на ковчегот ги сокри во песна од 24 стиха, објавена во неговата автобиографија “The Thrill of Chase”.

“Беше под ѕвездите во бујната вегетација на Карпестите планини и не беше тргнато од тоа место изминативе 10 години, откако го закопав. Не го знам човекот кој го пронашол, но сигурно песната го одвела до богатството”, напиша трговецот на својот сајт.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.