Повеќе нема дилема, Хабиб Нурмагомедов и Конор Мекгрегор повторно ќе се борат. Тоа ќе се случи оваа година!
“Сигурен сум дека многу луѓе сакаат да ја видат оваа борба. Тоа ќе се случи”, призна Дејна Вајт, претседателот на УФЦ.
Точниот термин за реванш мечот меѓу Русинот и Ирецот ќе биде познат по одлуката на Атлетската комисија во Невада. Двајцата борци очекуваат казна поради хаосот кој настана по нивната прва борба.