Капитенот на македонската ракометна селекција, Кире Лазаров по настапот со нашата селекција на СП во Германија и Данска се врати во Македонија.
Кире ги користи последните денови од малиот одмор пред враќање на клупските обврски во француски Нант, па синоќа со своите пријатели беше во кафана.
Лазаров преку својот профил на Инстаграм, на опцијата „стори“ постираше како пејачот во кафаната му ја пее македонската народна песна Едно име имаме од Јонче Христоски.