Во Австралија во вторникот на 17 декември измерената просечна температура беше 40.9 степени целзиусови и тоа беше најтоплиот ден во годината.
Веќе 6 дена по ред температурите не паѓаат под 40 степени. На тие екстремни жештини се топи и асфалтот на патиштата, па поради тоа работниците ги полеваат со вода патиштата.
Колку е жешко во Австралија покажува и приказната на Сту Пенгели од Перт. Тој купил 1.5 килограми свинско месо и одлучил да го остави во автомобилот 10 часа за да види што ќе се случи.
Погледнете: