Кристијано Роналдо по два месеци поминати во Португалија реши да се врати во Италија каде наскоро ќе започне со тренинзи во кампот на Јувентус.
Роналдо во Торино стигна заедно со семејтвото и голем број на обезбедување.
Италијанските спортски медиуми соопштија дека Роналдо во Торино стигнал со неговиот приватен авион. Станува збор за “Gulfstream G200”, вреден 23 милиони евра. Кристијано авионот го купи во 2015 година, а вакви летала во светот има само 250.