Наместо секојневно да се бориме со огромните количини пластичен отпад, зошто тој материјал, со рециклирање, да не се употреби за изградба на модерни патишта?
Секој ден, стотици илјади тони пластичен отпад завршуваат на депониите ширум светот, додека само мал дел од споменатиот материјал, главно во високоразвиените земји, се рециклира, за понатамошно користење. А што би било доколку наместо тоа, поголем дел од пластичните продукти бидат искористени за изградба на патишта ?!
Не само што би се забрзала изградбата на патиштата, туку и концепцијата на целиот проект е крајно модуларна, со сегменти кои може да се репарираат или целосно да се заменат со други. Конструкцијата е неколку пати помала од класичната, со асфалт, а овозможува и напреден систем на дренажа на водата, со тоа зголемена е и безбедноста во лоши временски услови.
Ф.Г.